Важноста на HD форматот за новите конзоли
Microsoft и Sony планираат да го имплементираат HDTV форматот во своите најнови конзоли, а Nintendo потврди дека во својата конзола Revolution нема да вгради HD видео излез. Nintendo сака да го направи Revolution попристапен до корисниците, па со елиминација на HDTV поддршката, цената сигурно ќе биде пониска.