Се одложи датумот за пуштање во продажба - Sony Playstation 3
Сите македонски големи Sony Playstation зависници ќе мора сега да ги разочарам, оти пред неколку денови Sony изјави дека повторно се одложи датумот за испаѓање на најдобрата Sony играчка конзола на сите времиња Sony Playstation 3. Но ова важи само за следните континенти Европа, Азија, Блиски Исток, Африка и Австралиа. Новата конзола требаше да испадне на 17 Ноември ова година. Датумот на испаѓање за Јапан и Америка не е променет. Главната причина е големото закаснување на масовно продуцирање на новата ласерска плава диода, со која што би се овозможило читање на новиот диск формат BluRay. Тоа е и единствената причина која што ќе мораат голем број на обожаватели да причекаат до новиот датум, а тој е дури наредната година во Март.